Исплатени 3,3 милијарди денари обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

Bez autora
Nov 12 2020

Фондот за осигурување депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари, што, како што се наведува, претставува речиси 80 % од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетувањето.

„Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и речиси 4/5 од средствата на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата се врши директно преку Фондот за осигурување на депозитите“, соопшти Фондот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik